Дописници Гласањето во шестата изборна единица се одвива во мирна и демократска атмосфера

Гласањето во шестата изборна единица се одвива во мирна и демократска атмосфера

Гласањето во шестата изборна единица се одвива во мирна и демократска атмосфера. Сите избирачки места се навреме отворени. Излезноста, како што велат од избирачките одбори, во утринските часови е мала.

– Излезноста засега е мала, најверојатно поради студеното време, но очекуваме во текот на денот одзивот на гласачите да се зголемува – велат од избирачките одбори од Општина Тетово.

Граѓаните се надеваат дека новоизбраните парламентарци ќе ги засукаат ракавите и конечно ќе почнат да ги решаваат проблемите кои се наталожени во македонското општество. Некои не веруваат дека новиот состав на парламентот ќе работи во корист на граѓаните.

– Па, треба конечно да се работи во интерес на граѓаните – вели еден анкетиран гласач.

Шестата изборна единица е најголема во Македонија и тука се запишани 307.817 гласачи.

Според информациите од ДИК, излезноста до 10 часот во изборната единица шест е 5,10 проценти.