Свет Европа Германската левица ја обвини Меркел за новата студена војна со Русија

Германската левица ја обвини Меркел за новата студена војна со Русија

Заменик-шефот на левицата, Сара Вагенкнехт, во Бундестагот остро ја ритикуваше канцеларката Ангела Меркел, префрлувајќи ѝ дека е одговорна за „новата студена војна“ со Русија.

– Вие предупредувате на пожар, но вие, сепак, припаѓате на оние кои наоколу трчаат со запалено кибритче“ – рече Вагенкнехт, критикувајќи ја владејачката коалиција.

Вагенкнехт ја обвини Меркел дека со санкциите против Русија предизвикала „бесмислена економска војна“ и побара запирање на санкциите кон Москва.

Политичарката, позната по своите остри изјави, ја критикуваше владата во Берлин дека има „нула компетнеција“ за економска политика.

Вагенкнехт годинава, исто така, побара да се укине еврото, тврдејќи дека монетата „ја дели Европа“, поради што наиде на критика дури и во редовите на сопствената партија.