Свет Европа Германија: Русија да се огради од изборите на истокот на Украина

Германија: Русија да се огради од изборите на истокот на Украина

Германската влада jа критикуваше Русија бидејќи не се оградила од плановите на проруските сепаратисти да одржат избори на истокот на Украина без консултација со Киев.

Штефан Зајберт, портпаролот на германската канцеларка, рече дека е „жално што Русија не се дистанцирала од ваквите планови“.

Германското министерство за надворешни работи соопшти дека „очекува од Москва да го искористи своето влијание врз сепаратистите за да ги откажат изборите“, додавајќи дека тоа претставува кршење на Договорот од Минск.
Сепаратистите најавија избори за ноември.