Свет Европа Германија годинава очекува 300.000 мигранти

Германија годинава очекува 300.000 мигранти

Германија очекува во текот на оваа година да влезат 300.000 мигранти на нејзина територија, изјави началникот на Сојузниот завод за миграција и за бегалци, Франк Јирген Вајзе.

– Канцеларијата со тешкотии ќе ги решава прашањата на новите мигранти, но уверен сум дека бројот нема да ја надмине предвидената цифра – изјави Вајзе.

Повеќе од еден милион мигранти од Блискиот Исток, Авганистан и од Африка влегоа во Германија минатата година.

Германското министерство за внатрешни работи вели дека повеќе од 390.000 луѓе поднеле барање за азил во првите шест месеци од оваа година, но не е познато колку од нив стигнале во земјата во текот на претходната година.

Вајзе наведе дека Германија ќе се обиде да обезбеди место за сите мигранти на пазарот на труд, но дека интеграцијата на мигранти во германското опшстество бара многу повеќе време и пари.