Свет Балкан Германија нема да ѝ исплати воена отштета на Грција

Германија нема да ѝ исплати воена отштета на Грција

Германската влада ги одби грчките побарувања за репарации и за отштета за време на Втората светска војна и го одби барањето на грчкиот министер за правда, Никос Параскевопулос, за запленување на германскиот имот во Грција, пренесоа денеска германските медиуми.

– Прашањето за репарација и за исплата на отштетата е правно и политички завршено – рече денеска портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт, пренесуваат медиумите.

Од друга страна, политичарката на опозициската партија Левица, Анете Грот, побара Германија да ѝ исплати на Грција 11 милијарди евра.

– Тоа е морална обврска за Германија да ги исплати парите, дури и ако меѓународно-правно гледано, тука постојат различни мислења – рече Грот, а пренесоа германските медиуми.