Свет Европа Германија ја продолжи пограничната контрола за уште три месеци

Германија ја продолжи пограничната контрола за уште три месеци

Германија соопшти дека за уште три месеци ќе ја продолжи пограничната контрола поради приливот на бегалци, кои и понатаму пристигнуваат во голем број.

Контролата, која е воведена на 13 септември минатата година, не може да биде укината затоа што „во моментот не може да се предвиди“ намалување на приливот на бегалците, објави германското министерство за внатрешни работи.

Речиси 1,1 милион луѓе минатата година влегле во Германија за да побараат азил. Поголемиот дел од нив влегле преку јужната граница со Австрија.

Германија претходно ја продолжи граничната контрола на 13 ноември.