Свет Европа Германија го почна повлекувањето на трупите од базата Инџирлик

Германија го почна повлекувањето на трупите од базата Инџирлик

Германија почна да ги повлекува своите трупи од воздушната база Инџирлик во Турција, откако Анкара им го забрани пристапот на германските претставници во таа база.
Претходно повлекувањето на трупите од базата го одбори германскиот парламент.

Германските авиони би требало да продолжат да изведуваат операции од Инџирлик барем до крајот на јули, како дел од мисијата со која се обезбедува поддршка на американската коалиција во борба против Исламска држава во Ирак и во Сирија.

Во меѓувреме, целиот материјал ќе биде преместен во нова воена база во Јордан.

Претходно Турција одби да дозволи германски претставници да ја посетат воената база Иџирлик со образложение дека Германија најпрво треба да го подобри својот однос спрема Турција.