Свет Германија: Двајца убиени од возило во движење

Германија: Двајца убиени од возило во движење

Два лица се убиени откако непознато лице отворило оган од возило во движење во германскиот град Ансбах, јавуваат локалните медиуми.

Напаѓачот убил 82-годишна жена, а потоа во непосредна близина убил и велосипедист.

Полицијата соопшти дека напаѓачот побегнал, но подоцна бил уапсен на бензинска пумпа, каде вработените го совладале и со го врзале со кабел.

Пумпата веднаш била евакуирана, а полицијата го претресла автомобилот за да провери дали во него има експлозив.