Подглавна секција Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Во иднина секој граѓанин на возраст над 16 години може да пополни формулар онлајн и во случај на смрт да донира органи за трансплантација на пациенти на кои им се потребни

Фото: Daniel Maurer/dpa

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на луѓето да донираат органи за трансплантација, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Претходните донаторски картички кои претходно беа воведени, ќе ја задржат својата важност, но во иднина секој граѓанин на возраст над 16 години може да пополни формулар онлајн и во случај на смрт да донира органи за трансплантација на пациенти на кои им се потребни.

Ова, оцени Лаутербах, им олеснува на семејствата на починатите донори, но и на лекарите кои веднаш имаат увид. Тој најави повеќе реформи, пред сè, секој автоматски да станува донатор на органи по смртта – освен ако претходно не се откаже.

Бројот на донатори кои сè уште имаат потреба и се на листата на чекање за трансплантација сега изнесува 8.400 пациенти.

„Мислам дека проблем од таа големина е нерешлив без систем на претпоставена согласност“, рече тој.