Свет Балкан Германија бара построги правила за азил за Западен Балкан

Германија бара построги правила за азил за Западен Балкан

Германија денеска ја повика Европската унија да ги заостри правилата за добивање азил за земјите од Западен Балкан, опишувајќи ги земјите од тој регион како „сигурни земји“, соопшти портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт.

– Земјите од Западен Балкан одат кон Европа, некои од нив имаат амбиции да поднесат барање за членство во ЕУ. Тие се, всушност, по дефиниција, такви во кои не може да има политички притисок или граѓанска војна, а тоа се ситуации што даваат основа за пружање заштита – рече Зајберт.