Спорт Герет Бејл се враќа во Британија

Герет Бејл се враќа во Британија

Герет Бејл е подготвен да се врати на островот. Како што пренесуваат англиските медиуми, Велшанецот не е задоволен од животот во Мадрид и сака да ја смени средината.

Бејл, наводно, не може да се справи со големиот притисок и со фактот што повеќето играчи се свртени против него. Дополнителна причина за заминување, наводно, е тоа што не е во добри односи со Кристијано Роналдо, па се чини дека во Реал нема место за двајцата.

Манчестер јунајтед е најсериозен кандидат за ангажирање на овој одличен фудбалер на Реал Мадрид. Како што јавуваат медиумите во Англија, Бејл е подготвен да потпише договор со „црвените ѓаволи“.

Според првите информации, екипата на „Олд Трафорд“ ќе мора да понуди плата од околу 300.000 фунти неделно.
Челси, исто така, е заинтересиран да го види Бејл во своите редони, но се чини дека Манчестер е првиот фаворит.