Македонија Генерал Ндрецај ја промовира униформата на гардата на Илирида

Генерал Ндрецај ја промовира униформата на гардата на Илирида

Ндрецај вели дека уникатната сива униформа ја направиле во чест на загинатиот херој Имер Гавазаи

Хамди Ндрецај, познат и како Пантер, кој се претставува како командант на „гардата на република Илирида“, неодамна ја облече и ја покажа униформата на гардата.

Порталот „Алмакос“ ја пренесува изјавата на Надрацај во која тој вели дека уникатната сива униформа ја направиле во чест на загинатиот херој Имер Гавазаи, кој бил убиен пред седум години во Бродец, Тетовско.
Пантер во изјавата за медиумите вели дека гардата имала 250 членови, кои веќе патролирале како набљудувачи во неколку градови во Македонија.

– Досега не се забележани никакви инциденти, гардистите се само лесно вооружени и без никакви проблеми контактираат со локалните жители – изјавил Ндрецај.