Македонија ГДОМ во Кочани, Битола и во Кичево ќе бара одржување на изборите

ГДОМ во Кочани, Битола и во Кичево ќе бара одржување на изборите

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска организира народни собири во Кочани, Битола и во Кичево на кои ќе побара одржување на парламентарните избори на 5 јуни.

– Народот е на нозе и е обединет околу идејата дека избори мора да има и дека само изборите се патот кон завршување на кризата. Избори се единствениот начин за ставање крај на агонијата во која се наоѓа Македонија. Македонија е обединета во еден глас: ова не смее да продолжи. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има! На изборите Македонија ќе победи! – велат од ГДОМ.