Култура Галијано ја крена Битола на нозе

Галијано ја крена Битола на нозе

Галијано со квартетот Тангарија

Ричард Галијано, виртуозот на хармоника, синоќа ѝ приреди вистинско задоволство на публика во Центарот за култура во Битола, отворајќи го „Фестивалот на музика од светот“. Се бараше билет повеќе за да се ужива во музиката на францускиот уметник, а битолчани седеа и на скалите и на подот само да го проследат концертот на Галијано и на „Тангарија квартет“.
Во 90-минутното шоу на францускиот уметник, публиката уживаше во колаж од француска и од латиноамериканска музика, а по реакциите на публиката, тој се обиде да отсвири и македонски ора.