Македонија Галичица во пламен, чадот се чувствува и во Охрид

Галичица во пламен, чадот се чувствува и во Охрид

Пожарот на Галичица се гасне цел ден со два воздухоплова и кон Стење-Лескоец на Преспанската страна и на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарската куќа

Фотографија преземена со дозвола

Стравотни фотографии се шират на социјалните мрежи од пожарот кој ја зафати Галичица, а охриѓани и туристите сведочат дека во градот мириса на чад, а не е јасен ниту видикот кон Галичица. Граѓаните во текот на денот забележувале и дека во Охридското Езеро се забележуваат саѓи и пепел од пожарот.

На социјалните мрежи се повикуваат и сите физички спремни доброволци, утре во 7 часот да се пријават кај планинарската куќа Спиридон, со свој алат, мотика или гребло за да помогнат во гаснењето.

„Пожарот на Галичица се гасне цел ден со два воздухоплова и кон Стење-Лескоец на Преспанската страна и на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарската куќа. Сите воздухоплови имаат свои технички карактеристики, а летањето се одвива согласно посебно воспоставени воздухопловни процедури за гаснење на пожари на отворен простор како и шумски пожари“, изјавија од ЦУК.

Во текот на денешниот до 19 часот, имало вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои во моментов 14 се активни, 5 се под контрола и 18 се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Македонски Брод, во Јасен, каде гори борова шума. Во Општина Кочани и Општина Мекедонска Каменица с.Пресека– с.Цера гори борова шума и папрат, во Општина Ресен, на Галичица пожаророт се шири во правец на врвот Магаро кон селата Лескоец и Стење, додека на охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа гори нискостеблеста вегетација. Во Општина Долнени 1 во с.Дебреште пожарот се шири кон с.Рилево и с.Зрзе како и кон с.Крапа, Општина Македонски Брод и гори нискостеблеста деградирана шума.

Во Општина Кичево во с.Патеец – с.Козичино, пожарот е проширен кон с.Горно Крушје и гори борова и букова шума. Пожари има и во с.Зајас – с.Горно Строгомиште, Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (каде гори ела, смрека и сува трева), Општина Новаци, с.Полог – Брник, Ивени, Рапеш каде гори ниска вегетација, деградирана шума, во Пласница, Долнени, Пробиштип и Куманово.