Македонија Г.г. Стефан: Толеранција и разум да преовлада кај луѓето

Г.г. Стефан: Толеранција и разум да преовлада кај луѓето

Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, на архиерјаската богослужба утрово во црквата „Свети Димитриј“ во Скопје, порача разум и поголема толеранција да преовладува кај луѓето.

– Тоа што денеска сакам да истакнам и да размислувам е тоа до каде го водела и до каде го доведува човештвото, народите воопшто, присутната со векови нетолерација на едни со други. Непочитувањето на разликата на туѓото припаѓање, за жал, денеска е исполнето со многу човечки жртви – рече г.г. Стефан.