Македонија ФЗОМ одобри пари за лекување на Мартин Мицев

ФЗОМ одобри пари за лекување на Мартин Мицев

Фондот за здравствено осигурување денеска соопшти дека лекувањето за бебето Мартин Мицев е одобрено.

Како што пишува во соопштението на фондот, Мартин Мицев ќе се лекува во Германија, а неговото лекување, кое во целост ќе биде покриено од ФЗОМ, ќе чини 280.000 евра.

„Почитувани, по повод пишувањата на определени веб-портали и социјални мрежи кои повикуваат за донации, сакаме да ја известиме јавноста дека се одобри лекувањето во Р. Германија за бебето Мартин Мицев во целост во висина од 280.000 евра. Решението е предадено на родителите. ФЗОМ посакува побрзо излекување и закрепнување“, пишува во соопштението на фондот.