Македонија ФЗОМ донираше детски играчки на четири здравствени установи

ФЗОМ донираше детски играчки на четири здравствени установи

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) донираше играчки, камиончиња, автомобили, кадифени мечиња и кученца во четири јавни здравствени установи: Детска клиника – Скопје, Институт за белодробни заболувања „Козле“, Клиничка болница – Тетово и Општа болница – Охрид.

– Со овие играчки ќе си играат децата пациенти на возраст од 2-12 години, кои престојуваат во овие здравствени установи. Се надеваме дека оваа донација на детски играчки барем за миг ќе им го разубави престојот во болница – велат од ФЗОМ.