Македонија Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе донираат дел од платите за поплавените граѓани

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе донираат дел од платите за поплавените граѓани

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на партијата одлучил да се формира солидарен фонд за помош на семејствата чии домови беа оштетени во катастрофалните поплави, информираат од владејачката партија.

„Сите избрани и именувани функционери на партијата на државно и локално ниво, наредниот период ќе донираат еднократна помош од по 30 проценти од платите и надоместоците во солидарниот фонд, а по завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени за помош на оштетените сограѓани“, пишува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека договорено е да продолжат организираните активности на терен преку собирање на донации на храна, вода, средства за хигиена и останата помош која им е неопходна на погодените.