Македонија ФРОДЕМ со забелешки и кон ВМРО-ДПМНЕ и кон СДСМ

ФРОДЕМ со забелешки и кон ВМРО-ДПМНЕ и кон СДСМ

„Никола Груевски не треба поради својот досегашен манупулативен и нечесен начин на владеење и понатаму да ја води во ќор-сокак ВМРО-ДПМНЕ. Треба да престане да се крие зад колективната одговорност и партијата да ја става за негов заложник за на крајот членството да ги плати сите негови сметки и гревови“, порачаа од Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

Од ФРОДЕМ, со порака и до раководството на СДСМ, од кои побараа конечно да се освестат и да осознаат дека условите за демократски избори нема да се случат сами од себе, ниту некој однадвор ќе го направи тоа, туку ќе треба со сите сили да се изборат за такви избори.

„Тоа значи дека на дневна основа треба да се бори и да ги корегира сите аномалии со инструментите и со ресурсите што му се доделени со Договорот од Пржино“, му порачуваат од ФРОДЕМ на СДСМ.