Uncategorized Францускиот премиер бара итна мобилизација на Европа

Францускиот премиер бара итна мобилизација на Европа

Францускиот претседател Франсоа Оланд побара итен состанок на водечките владини претставници за да се разгледа бегалската криза.

Премиерот Мануел Валс, пак, на својот твитер-профил, под фотографијата на тригодишното момче чие тело е пронајдено на плажа, напиша: „Тој имаше име: Ајлан Курди. Итно треба да дејствуваме. Итно да се мобилизира Европа“.

Француската јавност е поделена околу тоа дали треба да се примат повеќе бегалци, но владата е под засилен притисок да помогне во решавањето на проблемот кој стана европски.