Свет Европа Француската министерка за правда поднесе оставка

Француската министерка за правда поднесе оставка

Француската министерка за правда, Кристијан Тобира, денеска поднесе оставка, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Веста доаѓа во момент кога во парламентот се подготвува дебата за контроверзни реформи кои би овозможиле на лицата што се осудени за тероризам, во одредени околности, да им биде одемено француското државјанство.

Тобира изразила резервираност кон овој план.

Во соопштението се вели дека нејзината оставка е прифатена и ќе ја замени Жан-Жак Урвоа, кој важи за жесток заговорник на таквите реформи.