Свет Европа Франција нема да му даде азил на Асанж

Франција нема да му даде азил на Асанж

Француската влада го одби барањето за азил на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, велејќи дека тој не се соочува со никаква опасност.

Од Елисејската палата денеска соопштија дека врз основа на правните елементи и на имотната состојба на Асанж, Франција не може да постапува по барањето.

Во соопштението нотирано е и дека во Европа има налог за апсење на Асанж.

Во отворено писмо до францускиот претседател Франсоа Оланд, кое беше објавено денеска во весникот „Ле Монд“, Асанж се опиша како новинар кој се соочува со смртни казни од властите во САД, поради, како што вели, неговите професионални активности.

Асанж веќе три години живее во амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска.