Свет Европа Франција ќе ја укине вонредната состојба на 1 ноември

Франција ќе ја укине вонредната состојба на 1 ноември

Францускиот премиер Едуар Филип изјави дека вонредната состојба во земјата ќе биде укината на 1 ноември.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, претходно вети дека ќе се потруди вонредната состојба да не остане на сила, но најави дека ќе ги зајакне мерките за безбедност за земјата да се избори со сите закани.

Вонредната состојба во Франција беше воведена во ноември 2015 година, по терористичкиот напад во Париз, во кој беа убиени 130 лица.