Свет Европа Франција привремено го забранува риболовот за да ги спаси делфините

Франција привремено го забранува риболовот за да ги спаси делфините

Француските поморски експерти проценуваат дека околу 9.000 делфини умираат во заливот секоја година откако се фаќаат во опремата за риболов

该图片由Wolfgang ZimmelPixabay上发布

Франција објави привремена забрана за речиси целиот комерцијален риболов во Бискејскиот Залив за да ги заштити делфините, објави Би-би-си.

Забраната ќе започне во понеделник и ќе трае до 20 февруари, а ќе ги зафати риболовните терени во близина на брегот на Атлантскиот Океан.

Француските поморски експерти проценуваат дека околу 9.000 делфини умираат во заливот секоја година откако се фаќаат во опремата за риболов.

Локалните рибари, пак, велат дека забраната е „апсурдна“ и стравуваат дека ќе загубат пари – но, владата вети компензација.

Минатата година највисокиот административен суд во земјата, Државниот совет, го нареди овој потег откако еколозите повикаа на подобра заштита на морските цицачи.

Забраната, која ќе трае околу еден месец, е прва од крајот на Втората светска војна.