Македонија (ФОТОГРАФИИ) Претседателот Иванов на „Спортски бон-тон“ во Свети Николе

(ФОТОГРАФИИ) Претседателот Иванов на „Спортски бон-тон“ во Свети Николе

Целта на проектот е промовирање на Спортски Бон-Тон како модел на интегрирање на децата од училишна возраст

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на спортско-културната манифестација „Традиционални спортски игри – Спортски бон-тон“ што се одржа во Свети Николе. Целта на проектот е промовирање на „Спортски бон-тон“ како модел на интегрирање на децата од училишна возраст, во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавaњe на традицијата, културата и обичаите.