Подглавна секција (Фото) Со 229 километри на час на автопатот Куманово – Скопје –...

(Фото) Со 229 километри на час на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Архивска фотографија, извор: МВР

Возач со патничко возило „Ауди“ со странска регистарска табличка вчера на автопатот Куманово – Скопје – Велес бил еден од 191 казнето лице поради пребрзо возење. Според фотографијата која МВР ја достави до медиумите, во моментот кога полицијата го снимила, возилото се движело со 229 километри на час, што е за 129 километри на час повеќе од дозволената брзина на движење.

Како што соопштија од МВР, 27 од возила за кои е напишана казна, се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.