На седницата на Собранието наменета за пратенички прашања, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се потсетуваа што сè Владата има напрвено досега. Имено, тие ја читаа новата програма „Проверено“, промовирана и наменета за предвремените парламентарни избори, што се одржаа годинава, по што запишуваа детали на ливчиња.
Инаку, седницата почна со 40-минутно доцнење, а веднаш на почетокот пратениците од владејачката партија се заблагодаруваа на присутните министри за одговорените прашања од минатиот месец.
Во клупата наменета за опозицијата, седеа само Солза Грчева и Љубица Буралиева.
Премиерот Никола Груевски и по еден час од почетокот на закажаната седница не беше пристигнат во салата.