Македонија (Фото) Писмо од „Студентски пленум“ до министерот за образование

(Фото) Писмо од „Студентски пленум“ до министерот за образование

„Инбокс 7“ го објави писмото кое „Студентски пленум“, организаторот на вчерашниот масовен студентски марш, му го предаде на министерот за образование, Абдилаќим Адеми, во кое ги изнесува своите барања и причините за протестот против воведување на екстерното тестирање на факултетите.

„Нашето барање е последица на неспособноста на студентските парламенти да ги заштитат интересите на студентите…Резултатите од овие испити ќе бидат пресудни за иднината на студирањето на секој студент. Мерката во формата која е претставена реформата е многу проблематична и е во директен судир со уставно загарантираните права на граѓаните на Република Македонија“, порачуваат студентите во писмото.