Македонија Форумот на слободоумни патриоти на средба со холандскиот амбасадор Пломп

Форумот на слободоумни патриоти на средба со холандскиот амбасадор Пломп

Претставници на Форумот на слободоумни партиоти вчера се сретнаа со Ваутер Пломп, Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија со кого разговарале за можните реженија за излез од актуелната политичка криза како и за слободата на медиумите и за извештајот на Прибе.

„Притоа уште еднаш беше потврден нашиот став дека местото на Република Македонија е во Европската Унија и НАТО и дека државата час поскоро мора да се врати на евро-атланскиот пат. Претставниците на Форумот уште еднаш ја искажаа својата поддршка за Пржинскиот договор. Притоа претставниците на Форумот истакнаа дека ако сакаме непречено да се спроведе истиот и повторно да се воспостават демократските процеси и да се нормализира функционирањето на институциите во Република Македонија неопходно е да се формира експертска Влада со конкретна агенда за работа. Во однос на поддршката за СЈО претставниците на Форумот истакнаа дека е неопходно е формирање на специјален оддел во Кривичниот суд кој ќе работи по нивните предметите“, стои во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.