Македонија Форум на тема: „Стручно оспособување и вработување за лица со попреченост“

Форум на тема: „Стручно оспособување и вработување за лица со попреченост“

Форум на тема „Стручно оспособување и вработување за лица со попреченост“ денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, во соработка со ЕАСПД и со Центарот за обука, едукација и грижа – ДРАГА од Словенија.

Целта на настанот е да се овозможи дискусија меѓу засегнатите страни во областа на стручно оспособување и на вработување лица со попреченост, како и да се презентираат европските трендови и македонските искуства, практики и тековни реформски процеси во оваа област.

Форумот се организира во рамките проектот на ЕАСПД – Европска асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост.