Македонија Фондот за здравство не чувствува одговорност за смртта на Тамара

Фондот за здравство не чувствува одговорност за смртта на Тамара

Одговорност за случајот на Тамара од Велес ќе има само ако родителите покренат кривична постапка, рече денеска на прес-конференција Бранко Аџигогов, советник на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

– Во договор со родителите на Тамара, датумот за заминувањето требаше да биде познат по 8 февруари. Излеговме да ги објасниме причините за овој случај затоа што некои од медиумите имаа директни обвинувања кон ФЗОМ. Изразувам најдлабоко сочуство до семејството – рече Аџигогов.

Аџигогов се огради од одговорноста за овој случај, но не сакаше да посочи кај кого треба да се бара вината, ниту, пак, одговори на прашањето зошто, ако Фондот нема одговорност, излегува на прес-конференција да ги објаснува причините за овој случај.