Свет Финска: Можен е пад на владата

Финска: Можен е пад на владата

Финскиот премиер, Јуха Сипила, денеска изјави дека може да падне неговата коалициска влада на десниот центар доколку не се постигне договор за реконструкции и за мерки за штедење во здравството.

Сипила наведе оти во случај да падне владата, попрво ќе се обиде да формира нова влада врз база на актуелните сојузи на парламентот, отколку да одржи вонредни избори.

Реформите во здравството се клучен дел од настојувањата да се стават под контрола јавните финансии и буџетскиот дефицит. Целта е на подолг рок да се намалат трошоците за здравствена нега за три милијарди евра.