Економија Финансиските пазари позитивно гледаат на политичката стабилизација во Македонија

Финансиските пазари позитивно гледаат на политичката стабилизација во Македонија

Пазарите позитивно ја перципираат стабилизацијата на политичката состојба во Македонија и перспективите за македонската економија, информираат од Министерство за финансии.

Оттаму велат дека показател за тоа е намалувањето на стапката на принос на македонските еврообврзници кои се тргуваат на меѓународните финансиски пазари.

„Од средината на мај, приносите на сите три еврообврзници бележат постојано намалување.Така, стапката на принос на последната еврообврзница што доспева во 2023 година, до средината на мај постојано беше над 4,5 проценти, а денеска е сведена на 3,9 проценти, што е историски најниско ниво за оваа еврообврзница“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.