Култура Филмскиот фестивал „Астерфест“ почнува утре

Филмскиот фестивал „Астерфест“ почнува утре

Единаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ почнува утре, 27 мај, во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.

Фестивалот оваа година се одвива под мотото „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“.

На свеченото отворање ќе им бидат доделени награди на годинашните лауреати – режисерот Киро Урдин, добитник на признанието „Астер“ за високи достигнувања во документарниот филм, и актерот Боро Стјепановиќ, добитник на почесното признание за високи достигнувања во филмот.