Македонија Филипче: во 2022 платите на сите вработени во здравството ќе се зголемат...

Филипче: во 2022 платите на сите вработени во здравството ќе се зголемат за 5%

Фото: Министерство за здравство

На денешниот работен состанок што се одржа меѓу министерот за здравство д-р Венко Филипче и синдикалните здруженија на здравствените работници беше потпишан анкес на колективниот договор според кој во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите на 5% на сите вработени во здравството.

„Во изминатите 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар. Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност.“, истакнуваат од Министерството за здравство.

За ова намена одвоени се 600 милиони денари од вкупниот буџет за 2022 година.