Македонија Филипче е официјален кандидат за министер за здравство, потврди Бошњаковски

Филипче е официјален кандидат за министер за здравство, потврди Бошњаковски

Венко Филипче е дефинитивно кандидатот за министер за здравство, а имињата на другите кандидати за нови министри се уште не се утврдени, бидејќи се чека останатите коалициски партнери во Владата да ги достават нивните предлози за останатите испразнети места во владиниот состав, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.

Владиниот портпарол исто така не кажа каква ќе биде распределбата на ресорите меѓу партнерите во владината коалиција и посочи новинарите да побараат одговор од партиите. Алијансата за Албанците, партијата која претходно го држеше ресорот здравство, со кој до локалните избори министеруваше Арбен Таравари е исто така „во игра“ за новиот состав на владата, потврди Бошњаковски.