Македонија Филе му пиша на Тачи

Филе му пиша на Тачи

Прашањето за името треба да се реши со нова енергија и конечно блокадата да се надмине

На моето заминување, јас сè уште гледам значајни предизвици, вклучувајќи голем број клучни реформи, пред вас. Политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата треба да се врати во парламентот. Сите партии мора да го сносат својот дел од одговорноста за иднината на земјата. Прашањето за името треба да се реши со нова енергија и конечно блокадата да се надмине, му пишал еврокомесарот за проширување Штефан Филе пред неговото заминување од оваа функција на лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

„Ви посакувам на Вашата земја и Вам лично, сите можни успеси во натамошно извршување на нашите заеднички европски напори. Европската комисија ќе остане силен и верен партнер за вашата земја за време на вашето движење на патот кон ЕУ“, се вели во писмото на Филе.