Технологија Наука „Филе“ има проблем со батеријата

„Филе“ има проблем со батеријата

По историското слетување на кометата „67Р Чурјумов-Герасименко“, модулот „Филе“ сега е стабилен и праќа слики, но постои загриженост за издржливоста на неговата батерија. При слетувањето, „Филе“ отскокнал еден километар назад кон вселената, па по враќањето на кометата, тој се сместил во бездна која е во сенка и се наоѓа еден километар од првобитнато место на кое требало да слета. Поради тоа можно е сега да има проблеми со полнењето на батеријата, за што му е потребна сончева светлина.
– „Филе“ има лимитирано количество на енергија, а на моменталната негова позиција соларните панели не се доволно осветлени, па не можеме со сигурност да кажеме колку ќе издржи батеријата – рече Фред Јансен, директорот на мисијата „Розета“.
Првичните извештаи велат дека во сегашната позиција, „Филе“ добива само еден и пол час сочева светлина на секои 12 часа ротација на кометата и ова нема да биде доволно за да издржат фукнциите на роботот.
Сателитот „Розета“ 10 години го носеше модулот „Филе“, 6,4 милијарди километри во вселената и тој вчера успешно слета на кометата.