Технологија Гаџети Фејсбук-видеоповиците станаа достапни за сите

Фејсбук-видеоповиците станаа достапни за сите

Социјалната мрежа „Фејсбук“ уште во април ја претстави својата опција за видеоповици на својот „месинџер“, а сега таа е достапна на сите уреди во светот.

Во соопштението на компанијата стои дека постојат уште неколку држави во кои опцијата не е одобрена поради слабата мрежа или непостоење стабилна безжична мрежа. Сепак, „Фејсбук“ ќе работи на тоа и на овие корисници да им ја достави долго очекуваната можност.

Опцијата фејсбук-чет првенствено е одобрена во 18 држави, а достапна е на уреди кои работат на „андроид“ и на оперативниот систем на „Епл“.

„Фејсбук“ планира својот „месинџер“ со текот на времето да го претвори во платформа за други апликации и можности.