Забава „Фејсбук“ нема да воведе копче „не ми се допаѓа“

„Фејсбук“ нема да воведе копче „не ми се допаѓа“

Марк Зукерберг, сопственик на „Фејсбук“, кој вчера одговараше на прашањата на корисниците, рече дека оваа социјална мрежа нема да воведе копче „не ми се допаѓа“.

– Постојат моменти во животот на корисниците кога тие се чувствуваат тажно или трагично и сигурно не сакаат некој да им става „лајк“ на статусите. Разговараме за тој проблем и се трудиме да најдеме начини на кои луѓето ќе можат да изразат и други емоции под таквите објави – вели Зукерберг.