Свет ФБИ: ИД може да печати автентични сириски пасоши

ФБИ: ИД може да печати автентични сириски пасоши

Џихадистичката организација Исламска држава запленила машина за печатење автентични сириски пасоши, соопшти директорот на ФБИ, Џејмс Коми, додавајќи дека со помош на неа терористите ќе може да се прикажат како бегалци од Сирија и така да ја поминат границата.

Коми истакна дека ФБИ има причина да верува дека припадниците на ИД веќе се инфилтрирани во САД.

– ФБИ е загрижено дека Исламска држава има способност и начин да произведува лажни пасоши – рече Коми, сведочејќи пред одборот за правосудство на американскиот Сенат.