Македонија Фазлиу: Разговорот на Тачи е монтиран

Фазлиу: Разговорот на Тачи е монтиран

Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу, денеска изјави дека снимката од разговорот на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, презентирана вчера на трибината на СДСМ во „Универзална сала“, е целосна конструкција.

– Одземање на зборовите од еден разговор и внесување во друг разговор е познат метод на монтажа, своевремено за Сојузот на комунисти, потоа за СДСМ, од Ранковиќ, Милошевиќ, Глигоров, Црвенковски до Заев и за нивните политички истомисленици – рече Фазлиу.

ДПА, вели Фазлиу, на транспарентен начин гласаше против СДСМ во Државната изборна комисија континуирано, исто како што СДСМ гласал секогаш за ДУИ и обратно.

Фазлиу тврди дека за Албанците не е новост дека ДПА од нејзиното појавување на политичката сцена во Македонија се против СДСМ.