Македонија Фатен Италијанец со фалсификувана лична карта

Фатен Италијанец со фалсификувана лична карта

Вчера во 16.20 часот, на излез од Македонија, на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при пасошка контрола на Ф.К. (26) од Италија, утврдено е дека во италијанската лична карта, во делот каде што е фотографијата, е извршена замена на фотографијата.

Тој е задржан и предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.