Хроника Дилер фатен со повеќе од пет килограми марихуана

Дилер фатен со повеќе од пет килограми марихуана

На наплатната станица во Гостивар, вчераутро, полицијата во „голф“ со скопски регистарски ознаки што го управувал Р.С. (22) од Инџиково, Скопско, кој се движело во правец кон Тетово, пронашла и запленила околу пет килограми марихуана.

Дрогата била пронајдена во багажникот, во просторот наменет за резервна гума.

Поради сомневање дека се работи за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, Р.С. бил уапсен.