Свет Европа Европарламентот расправа за сексуалното малтретирање на вработените во ЕП

Европарламентот расправа за сексуалното малтретирање на вработените во ЕП

Европскиот парламент расправа за сексуалното малтретирање на работно место, со акцент на таквите појави внатре во самиот парламент.

Темата се најде на дневен ред откако лондонските медиуми објавија дека повеќе десетици млади службенички вработени во канцелариите на европратениците, биле изложени на сексуално малтретирање и вознемирување.

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, изјави дека ќе поведе внатрешна истрага и дека ќе биде крајно нефлексибилен кон лицата што сексуално малтретирале вработени.

– Ќе се заложам за најстрого казнување на секој член на нашата заедница што ги прекршил законот и правилата на однесување – рече Тајани.

Порталот „Политико Јуроп“ објави дека досега 87 жени и шест мажи се пожалиле дека биле жртви на различни облици на сексуално малтретирање.