Свет Европа ЕУ расправа за продолжување на санкциите кон Русија

ЕУ расправа за продолжување на санкциите кон Русија

Лидерите на Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за тоа дали да се продолжат економските санкции кон Русија поради нејзините акции во Украина.

Европски дипломат, кој побарал да остане анонимен, за „Радио слободна Европа“ изјавил дека претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, работи со Германија и со Франција на предлог за продолжување на санкциите и оти на мета се банкарскиот и нафтениот сектор на Русија. Санкциите би траеле до декември годинава, а одлуката би се донела до крајот на март.

Австрија, Грција и Словачка, како што соопштуваат дипломатски извори, сакаат да ја одложат одлуката за јуни, кога ќе треба да се обноват некои од другиот круг санкции.