Економија ЕУ ќе забрани инвестирање на Крим

ЕУ ќе забрани инвестирање на Крим

Европска Унија ќе ги забрани сите инвестиции на Крим за да го зголеми притисокот врз официјална Москва и да покаже оти прашањето не е заборавено, јавуваат светските агенции.

– Извозот на европска стока и производи што се користат во транспортот, телекомуникациите, енергетскиот, нафтениот и во гасниот сектор на Крим ќе бидат запрени, а ќе биде забрането и учеството на европските компании во туристичкиот сектор на тој полуостров – изјави денеска неименуван европски дипломат.

ЕУ овие мерки официјално ќе ги соопшти в четврток, кога во Брисел ќе се одржи редовниот лидерски самит.

– Не сме заборавиле на проблемот со Крим, иако во нашиот фокус се судирите на истокот на Украина – додаде неименуваниот извор.