Економија ЕУ: „Јужен коридор“ наместо „Јужен тек“

ЕУ: „Јужен коридор“ наместо „Јужен тек“

Претставниците на седумте членки на ЕУ кои беа вклучени во проектот „Јужен тек“ се согласија во Брисел да тргнат по алтернативни патишта за увоз на гас, како што е „Јужен коридор“, кој го поврзува Азербејџан со Италија.

Министрите за енергетика на Италија, Австрија, Бугарија, Словенија и на Грција, како и амбасадорот на Хрватска при ЕУ, разговарале со европскиот комесар за енергетика, Марош Шефчовиќ, за последиците од откажувањето на Русија од изградбата на „Јужен тек“ и се договориле да се свртат кон други проекти.

Министрите, како еден од важните алтернативни патишта го навеле „Јужен коридор“, кој од наоѓалиштето во Каспиското Море би требало да мине низ Азербејџан, а потоа преку Грузија, Турција, Грција и Албанија, за да стигне до Италија, за што е потребно изградба на делница преку Јадранско Море.