Македонија ЕУ и САД бараат денеска да се договори изборниот закон

ЕУ и САД бараат денеска да се договори изборниот закон

Мисијата на Европската унија во Македонија и Амбасадата на САД денеска излегоа со заедничка реакција во врска со пробивањето на рокот за договарање на законот за избори.

И двете мисии го повторија ставот на Европската комисија, дека политичките партии уште денеска ќе мора да го затворат ова прашање.

„Делегацијата на Европската унија и Амбасадата на САД во Скопје жалат што партиите не успеале да ги финализираат изборните реформи, и покрај направениот прогрес на состанокот на работните групи. Ги повикуваме лидерите на четирите политички партии денеска да постигнат договор. Изборите се приближуваат. Затоа изборниот закон треба да биде усвоен што е можно поскоро и да почне неговата имплементација, имајќи предвид дека изборите се во април“, стои во соопштението.